ФОТО: Десет гиганти го контролираат светот!
Компаниитe Кока-Кола , Нестле, Џенерал Милс, Џонсон и Џонсон, Келогс, Крафт , Март, Пепсико, Проктер и Гембл и Унилиевер се империите кои владеат во нашите фрижидери и нашата гардероби, јавува веб страната Реди која направи карта на највлијателните компании во светот на потрошувачката.
Најмногу присутни во појадокот се производите Корнфлекс и Нескафе, најпродаваниот шампон е Хед енд Шолдерс, а гел за туширање Доув. Најдобро продавана паста за заби е Орал Б, и Дизел за фармерките .
И сите тие директно или индиректно се поврзани со највлијателните меѓународни компании.
Кремата за лице Виши на пример, е дел од Лореал кој пак 30 проценти е во сопственост на Нестле . Ваквите примери покажуваат дека десет наведени индустриски гиганти индиректно или директно се поврзани со продажба на производи к во целиот свет.
Зошто треба да се запрашате дали т.н. слободен пазар е вистински слободен, се заклучува во статијата на веб страната на Redi .
Слично
