Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ДЕН ПОСЛЕ МАСАКРОТ: Некои плажи пусти, на некои уживаат како да немало крвопролевање!

(ФОТО) ДЕН ПОСЛЕ МАСАКРОТ: Некои плажи пусти, на некои уживаат како да немало крвопролевање!

Ден откако терористите на Исламската држава во познатото летувалиште Сус, 50 км од престолнината на Тунис убија 39 лица, некои плажи пред хотелот се речиси пусти. Додека на други ,туристите се сончаат и капат како ништо да не било.

tunis-dan-posle-foto-tanjug-ap-darko-vojinovic-2_f

На плажите може да се видат свеќи и ружи со пораки за настраданите, како и засилени полициски сили. Местото на кое било пукано е оградено со полициска лента.

Голем број туристи од различни европски земји се упатиле кон аеродромот во Хамамет како би го прекинале летувањето и се вратиле дома , во страв од нови напади.

tunis-dan-posle-foto-reuters-3_f

Сепак, поедини туристи не одлучиле да го прекинат одморот , така што на плажите во Сус уште може да се видат капачи.

Да потсетиме, на одмор во Сус синоќа отпатувале 67 туристи од Србија, и покрај страшниот терористички напад кој во петокот се одигра на плажата пред хотелот Империал Мархаба. Сепак, речиси половина од патниците од Србија се откажале од патувањето, бидејќи со синоќешнот лет од аеродромот Никола Тесла во Белград било планира да отпатуваат 130 лица во ова летувалиште.

tunis-dan-posle-foto-reuters-2_f

Во Тунис во моментот на нападот имало неколку стотици српски државјани, а потврдено е дека никој од нив не е меѓу жртвите.

Владата на Република Србија донела одлука во Тунис во сабота или недела да испрати авион за евакуација на српските туристи.

tunis-dan-posle-foto-reuters-1_f

Во терористичкиот напад, според уште неофицијални информации три наоружани припадници на ИС пукале во луѓе на плажата во Сус. Убиени се 39 лица, еден напаѓач исто така го изгубил животот, друг е уапсен, а според неофицијални информации, трет се наоѓа во бегство.

tunis-dan-posle-foto-tanjug-ap-darko-vojinovic-6_f

Исламската држава ја презеде одговорноста за овој напад.

tunis-dan-posle-foto-tanjug-ap-darko-vojinovic-4_f

Слично

Поврзани вести