Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЦИА има и смисла за хумор!

(ФОТО) ЦИА има и смисла за хумор!

Американската разузнавачка агенција (ЦИА) покажа дека има и ведра страна и смисла за хумор. Агенцијата им се приклучи на социјалните мрежи - доби Твитер профил, а првиот пост што го напишаа американските разузнавачи гласи:

„Не можеме ниту да потврдиме, ниту да демантираме дека ова е нашиот прв твит“

Постот е во духот на фразата „Не можеме ниту да потврдиме, ниту да демантираме“ која ЦИА често им ја дава на новинарите и другите кои се интересираат за одредени случаи шт ги води оваа тајна служба.

Само за два часа постот бил ретвитуван 90.000 пати, а ЦИА веќе може да се пофали со над 115.000 следбеници на оваа социјална мрежа.

Долго време американските тајни служби изразуваа скепса да се приклучат на социјалните мрежи, поради можноста ваквите профили да бидат злоупотребени. Но, првиот човек на ЦИА Џон Бренан сега вели дека преку страниците на Фејсбук и Твитер агенцијата ќе се обиде да и се доближи на јавноста, ќе воспостави непосреден контакт со граѓаните и ќе се обиде поблиску да им ја објасни својата мисија.

Претходно ЦИА веќе поседуваше свои профили на видео-сервисот Јутјуб и фото-сервисот Фликр. Сепак, оние кои се надеваат дека на овие страници ќе можат да дознаат тајни податоци до кои има достап ЦИА, ќе останат разочарани. На Фејсбук и Твитер ќе се објавуваат само изјави за јавност и информации кои немаат ознака „доверливо“.

Слично

Поврзани вести