Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЧУДО ОД ВОЗ: Новиот Евростар ќе вози со брзини до 320 километри на час

(ФОТО) ЧУДО ОД ВОЗ: Новиот Евростар ќе вози со брзини до 320 километри на час
Компанијата Евростар денеска го претстави новиот, супербрз воз е320, кој ќе биде вклучен во сообраќај кон крајот на идната година. Новиот воз ќе се движи со максимална брзина од 320 километри на час. Првично била планирана набавка на 120 вакви воза од германски Сименс, во зделка вредна 550 милиони фунти. Евростар сепак се одлучи да нарача уште седум вакви воза, па ќе има вкупно 17. Од Париз до Лондон, релацијата на која патува овој воз, со новите композиции ќе се стигнува 15 минути порано. Возот има капацитет да прими 900 патници, а ним им е обезбеден и бесплатен безжичен интернет. Возот е долг 400 метри и има 16 вагони. Возовите се опишани како прилагодливи, што значи дека можат да се користат на различни сигнални системи во Европа, што ја отвора можноста за нови рути за Евростар меѓу Велика Британија и други дестинации.
Слично

Поврзани вести