Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЧЕШКА: Спасувачи извлекоа мачка од поплавена куќа, газдата беше пресреќен што миленикот е спасен

(ФОТО) ЧЕШКА: Спасувачи извлекоа мачка од поплавена куќа, газдата беше пресреќен што миленикот е спасен

Бурата Борис погоди делови од Европа и однесе во смрт најмалку 17 луѓе. Драматични снимки се појавија од Чешка и Полска. 

На интернет се рашири фотографија на која жител на Јесеник во Чешка успеал да го спаси својот миленик. Откако е евакуирана од куќата, ја носел својата мачка во раце и ја гушкал.

На интернет неодамна се појави и видео од германски овчар, кој со часови остана заробен под остатоците од урнат мост во градот Глухолази во Полска. Поројните дождови срушиле мост, кој сè уште бил во изградба, а кучето се сокрило зад бетонските блокови од поплавата.

Кучето успеало да остане на површината, а водата го однела до место каде луѓето можеле да стигнат до него.

Жителите на неколку полски и чешки региони се евакуирани во последните денови.

Слично

Поврзани вести