(ФОТО) „Charlie Hebdo“ ја исмеја руската авионска трагедија во карикатури
Францускиот весник „Charlie Hebdo“ објави цинични карикатури и шеги за несреќата на рускиот патнички авион „Airbus“ A321 во Египет.
На првата карикатура се отсликува летачко тело и остатоци од авион врз главата на терорист. На натписот пишува: „Руската авијација ги засилува своите бомбардирања“.
На втората карикатура е отсликан череп, кој лежи помеѓу остатоци од тела, на која се суди за опасноста на руските туристи и .Во конкретниот случај станува збор за скандал поврзан со Саркози и шверцот на кокаин, коментираат медиумите.
Карикатурите се објавени во самото издание, и се наведува дека за терористите од „Исламска држава“, кои го урнале рускиот авион, тоа било „единствениот начин да се испорачаaт 224 порции бесплатна храна“.
Членот на Советот на федерацијата за меѓународни дела Игор Морозов за возврат ја коментирал циничната публикација. Морозов ги нарекол карикатурите богохулење и исмејување на споменот на жртвите во несреќата.
„Да се потсмеваат на катастрофата во Синај, е недозволиво. Стремежот кон оригиналност на „Charlie Hebdo“ едноставно е шокантен. Ненамерно се сеќавате на трагедијата што се случи во јануари 2015 година во самата издавачка куќа. Ми се чини дека новинарите сами провоцираат насилни дејствија“, изјавил Морозов.
Најстрашната несреќа во историјата на руската и советската авијација се случи на 31 октомври 2015 година. Патнички авион A321 на авиокомпанијата „Когалимавиа“ се урна на летот од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург. Загинаа сите 224 лица во авионот.


