Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) БУРА ВО ЕВРОПА: Погодени неколку држави, регистрирана првата жртва

(ФОТО) БУРА ВО ЕВРОПА: Погодени неколку држави, регистрирана првата жртва

Едно лице загина, а повеќе од 15 се повредени во Франција и Швајцарија, од силната бура, која погоди делови од Западна Европа. 

Eден скијач загинал на француските Алпи, откако врз него паднало дрво во Морион.

Многу луѓе денеска се повредени, кога воз излета од шините во близина на Ленк, град јужно од Берн, објавија локалните медиуми.

И во западна Германија, во близина на Линен, возот излетал од колосекот откако удри во дрво што паднало на пругата, но не е пријавено дека некој бил повреден во таа прилика.

Бурата со ветрови и до 160 километри на час направи сообраќаен хаос и корнеше дрвја.

Во Швајцарија и Германија возовите се лизгаа од шините, додека стотици илјади домови се без електрична енергија во цела Франција, Швајцарија, Велика Британија и Ирска.

Холандските власти мораа да откажат голем број летови и за првпат да ги затворат сите бариери на важните водени патишта.

Невремето доведе до откажување на летовите на аеродромите во Цирих и Базел, а камион се урна на автопатот во Швајцарија.

Илјадници домаќинства во близина на Циришкото Езеро останаа без електрична енергија, а пожарникарите беа повикани да помогнат, затоа што паднатите дрвјата ги блокираа улиците, а поројните дождови предизвикаа поплави.

Швајцарската полиција соопшти дека повеќе луѓе се заглавени на жичарницата во ски-центарот Пикол на Алпите, додека во многу швајцарски ски-центри престанаа да работат ски-лифтовите.

Во Англија имаше  град и грмотевици, а поради превртување на возила на патот поради невремето, властите затворија делови од три значајни автопатишта. Некои мостови се исто така блокирани за сообраќај.

Бурата создава проблеми и на северот од Франција, со ветрови посилни од 145 километри на час, најсилни што ја погодиле оваа земја по повеќе години, а многумина објавуваат фотографии на социјалните мрежи од уништени автомобили, урнати скелиња и расфрлани дрвја.

Во регионот на Париз дрво падна врз автомобил, при што едно лице е тешко повредено, додека друг жител од областа доби сериозни повреди паѓајќи од зграда.

Француската дистрибуција на електрична енергија објави дека невремето оставило околу 200.000 домаќинства без струја, вклучувајќи 30.000 во парискиот регион.

Француското Министерство за внатрешни работи информираше дека четири лица се сериозно повредени во невремето. 

Слично

Поврзани вести