(ФОТО) Британската монета со нов облик: Веќе нема да е кружна и лесна за фалсификување
Новата необична монета, која наместо кружен облик ќе има 12 страни, ќе почне да кружи низ Велика Британија во март и постепено ќе ги замени старите монети.
Старата фунта ќе се укине до наредната есен бидејќи нејзиниот дизајн ја прави многу ранлива и погодна за фалсификување. Во моментов лажна е една во 40 монети на една фунта.
Новата фунта ја поздрави Ројал Минт како најбезбедна монета на светот. Таа има дури и скриена , високо-безбедносна функција која ја штити од фалсификување.
Меѓутоа, оваа необична монета веќе им создава главоболки на многу компании. Поради нејзиниот облик и поинаков состав на метал во тежината, таа не може да се собере во постоечките автомати.
Тие ќе мора да се прилагодат, а тоа нема да биде ниту малку евтино. Здружението Автомат смета дека тоа индустријата ќе ја чини 32 милиони фунти и дека ќе треба да се утврди дали 500 000 машини ширум Британија се подготвени да ја прифатат новата монета.
Помеѓу март и септември, кога старата монета ќе престане да важи како законско средство за плаќање, фирмите ќе мора да ги прифатат и новите и стари монети. Ројал Минт ги повика британските компании да се подготват за овие промени, да проверат дали нивната опрема може да се носи со новите монети како и да ги обучат своите вработени да ги препознаат безбедносните функции.
Новата банкнота е направена од два метали. Надворешниот престен е со златна боја и е направен од никел-месинг, додека внатрешноста на прстенот е сребрена и направена од легури на никел. Старата монета е направена од никел-месинг, и има златна боја.
Предната страна на монетата е украсена со портрет на Кралицата Елизабета Втора, слично на стариот дизајн.
Назад има круна и четири билки кои растат на едно стебло кои ги претставуваат народите на Обединетото Кралство.
Погледнете како изгледа...
Britain's new pound coin won't fit into vending machines https://t.co/YB3jBfs4Qd pic.twitter.com/BxjAx8SomB
— CNN International (@cnni) October 31, 2016
