(ФОТО) БРИСЕЛ: Напаѓачите уловени на безбедносните камери на аеродромот
Од бриселскиот аеродром протече фотографија на која се „уловени” тројца мажи, кои се осомничени дека учествувале во денешните терористички напади во градот.
Двајцата мажи кои носат црна облека се осомничени за злосторствата, а третиот човек со бела јакна во моментов е во бегство.
Во денешните напади во Брисел загинаа 34 лица, а над 200 беа повредени.
Утринава непосредно пред 8 часот по локално време две последователни експлозијата се случија на основниот аеродром „Завентем“ во Брисел. На аеродромот беа пронајдени неексплодирана бомба и пушка калашников.
Eден час подоцна имаше експлозија на метро станицата во Мелбек, која се наоѓа во близина на зградите на европските институции – на 350 метри од местото каде што лидерите на ЕУ ги одржуваат своите редовни состаноци.
За масакрот одговорност презеде Исламската држава.
По нападите, Белгија го крена нивото на тревога од терористичка закана од трет на четврти степен – што е максимално ниво. Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбол прогласи тридневна жалост и ги повика граѓаните да не излегуваат од дома.

