ФОТО: Борис Џонсон сепак фотографиран со вино, имало и други гости за време на „локдаун“
Борис Џонсон е сликан со вино и сирење заедно со неговата сопруга и со 17 вработени во градината на Даунинг стрит за време на периодот на „локдаун“, а фотографијата предизвика многу дилеми, објави Гардијан.
Фотографијата беше споделена со медиумот по негирањето на Даунинг стрит број 10 минатата недела дека имало социјален настан во петокот на 15 мај 2020 година, во кој имало и вино, алкохолни пијалоци и пица за јадење и внатре и надвор од зградата. Портпаролот на Џонсон рекол дека персоналот на Даунинг стрит работел во градината попладне и навечер.
Сепак, сликата покренува прашања околу тоа тврдење. Доказ против тоа се шишињата вино, недостига социјално растојание и 19 луѓе се собрани во групи низ терасата и тревникот на Даунинг стрит.
Фотографијата е на Гардијан
Фото од насловна EPA
