(ФОТО) Бомби „Од Париз со љубов“ : Истурен оган и сулфур над главниот град на „Исламска држава“
Ракетите од воздушните напади, кои Франција ги нанесе на „Исламска држава“ во Сирија, носеле посебно значение. На нив пишувало на англиски „Од Париз со љубов“, соопштува „Мирор“.
Авторот на текстот не е познат. Тие се повикувале на познатиот филм на Пјер Морел „Од Париз со љубов“ по сценарио на Лук Бесон. Идејата да има натпис на ракетите пред бомбардирање е на американските војници, кои почнале тоа да го прават за време на Втората светска војна.
Не се знае каде точно се паднати ракетите, но се претпоставува дека удриле бази на групата „Исламска држава“.
Според информациите на француското Министерство за одбрана, ударите се нанесени во градот Рака, а пуштените бомби се околу 20. Според информирани извори француските бомбардирања ќе продолжат со нова сила откако во реонот се очекува да пристигнат авионите „Шарл де Гол“.





