ФОТО: БЛОКАДА: Четириесет и пет луѓе цела ноќ на жичница во Алпите
Четириесет и пет луѓе, меѓу кои и 10-годишно дете, беа блокирани на жичница во реонот на врвот Монблан на Алпите цела ноќ, соопштија светските агенции.
Пред тоа други 65 лица беа евакуирани со хеликоптер во тешки услови.
Спасувачите биле спуштени од хеликоптери кај блокираните туристи и ја поминале ноќта со нив, се вели во соопштението на француското Министерство за внатрешни работи.
Околу 16 часот по локално време дошло до плетење на каблите на жичницата од неразјаснети причини.
Во спасувачката операција учествуваат четири француски и италијански хеликоптер.
Создаден е оперативен команден пункт во Шамони во француските Алпи.
По вложени напори, спасени се сите туристи, а жичницата повторно работи.
Слично


