(ФОТО) „Black Friday“ во САД: Шопинг лудилото почна, „Star wars“ доминира
Почна шопинг лудилото во Америка и Велика Британија односно таканаречениот Црн петок. Трговците нудат производи по намалени цени, со што започнува сезоната на шопингот.
Медиумите пренесуваат дека продажбата во супермаркетите послабо тече од обично бидејќи оваа година меѓу купувачите очигледно е популарна онлајн купувачката.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/wearedigitl/status/670201316057194496?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Голем број на трговци ги отворија вратите уште синоќа на празникот Ден на благодарноста, со цел да привлечат што поголем број купувачи иако тоа претставува кршење на традицијата, бидејќи денот кој доаѓа после Денот на благодарноста, така наречен „Црн петок“, традиционално се смета за официјален почеток на празничната сезона и ден за најголеми распродажби во годината.
Црн петок долго беше најважен ден во годината за американскиот малопродажен сектор. Меѓутоа, работите малку се свртеа, така што овој ден станува најважен ден за некои работници во САД. Имено, секоја година група работници во Волмарт планира да организира низа штрајкови.
Инаку, во трговскиот сектор вработени се најмногу Американци, речиси 25 одсто, односно 42 милиони американски граѓани работат во трговијата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/cyclingweekly/status/670203570042617857?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Освен Волмарт и многу други продавници на њујоршкиот Менхетен се отворени во зора, а пред нив купувачите чекале со часови во ред. Претставните на продавницата „Мејсиз“ рекле дека во шест часот во купување стигнале околу 15.000 лица. Пред една од продавниците за играчки „Тојс ар ас“ на Тајмс сквер пред отворањето во пет ч во ред биле најмалку 40 купувачи.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SarahJindra/status/670206243764572160?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Има и такви кои мислат дека гужвите не се толку големи.
„Уште е рано, но по она што досега го видовме, гужвите не се толку големи“, изјавил Крег Џонсон, претседател на консултантската компанија во секторот на малопродажба "Kastomer grout partners", која следи промет во различни делови на земјата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/MikeHoldenWTOL/status/670207338272464900?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Црн петок“ така е наречен поради бројот на жртви во стампеда на луѓе кои први се обидуваат да влезат во продавниците како би ги искористиле најголемите попусти во нив.


