Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Бизарно: Пајак живеел три дена под кожата на ова момче!

(ФОТО) Бизарно: Пајак живеел три дена под кожата на ова момче!

Австралијанецот Дилан Томас мислел дека одморот во Бали ќе му годи. Меѓутоа, Томас од тропскиот остров понел сувенир во облик на пајак, кој му се вовлекол под кожа, живеел во него три дена и оставил прилично голема лузна преку стомакот. Експертите се, меѓутоа скептични.

Кога се вратил од Бали забележал црвена линија која се простирала над папокот, почнувајќи од лузната која му останала од операцијата на слепото црево. Докторите му рекле дека е во прашање убод на инсект. Но, лузната почнала да се шири а болката станувала се поголема.

Се движел кон неговото срце. Лекарите извадиле пајак кој голем колку кибритче.

Пајакот во него живеел три дена. Томас сега пријателите го нарекуваат Спајдермен.

„Треба да се случи нешто многу гадно за да ми се згрози. Но овој пат навистина се чувствувам грозно“, рекол Томас.

Меѓутоа, професор од Универзитетот „Макгли Кристофер Бадл“ вели дека е мала веројатноста да се случи вакво нешто.

„Едноставно, мала е веројатноста и јас не можам да се сетам на ниту една причина поради која пајак би се вовлекол под кожа. Тврдењето дека се движел и хранел и пркоси на логиката и се што знаеме за биологијата на пајкот. Исто така сум скептичен бидејќи доказот (самиот пајак) не е претставен“, наведува професорот.

 
Слично

Поврзани вести