Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) БЕРЛИН СЛАВИ НЕПОЗНАТ ХЕРОЈ: Повеќе од километар го следел убиецот со камион, и помогнал на полицијата да го фати!

(ФОТО) БЕРЛИН СЛАВИ НЕПОЗНАТ ХЕРОЈ: Повеќе од километар го следел убиецот со камион, и помогнал на полицијата да го фати!

Германската полиција уште го крие идентитетот на човекот кој со камион уби 12 луѓе на божиќниот саем во Берлин. 

Германските медиуми како што објавивме шпекулираат дека се работи за мигрант од Пакистан или Авганистан, а најдалеку отиде „Берлинер“ кој без докази објави дека терористот е Пакистанец кој во февруари стигнал во Берлин.

Во секој случај повеќе информации ќе дознаеме во 13 часот кога берлинската полиција најави прес конференција.

Сепак, полицијата рано утрото потврди дека нападот е изведен со намера. Уште не го користат зборот тероризам, но сега работите се целосно јасни...

Портпаролот на берлинската полиција опишал што се случувало откако камионот конечно застанал. Убиецот во тој момент истрчал од камионот и почнал да бега кон познатиот парк Тиергартен, но зад себе не го забележал непознатиот јунак кој го следел и ја алармирал полицијата.

„Полицијата го стигна кај Триумфалната капија. Храбриот сведок ја повикал полицијата откако го следел повеќе од километар. Возачот на камионот веројатно планирал да исчезне во маракот на паркот, но за среќа не успеал“-рекол Винфрид Вензел меѓу другото потврдувајќи дека во камионот е најдено мртво тело на полски државјанин.

Тој бил оригиналниот возач на камионот кој превезувал челик од Италија во Берлин. Сопственикот на полската фирма, пренесуваат германските медиуми, рекол дека камионот требало да го управува неговиот роднина, инаку многу одговорна личност.

„Контактот со него го изгубивме околу 15 часот. Претпоставувам дека некој го украл камионот, а дека на мојот роднина му се случило нешто...

За жал, претпоставките биле точни.

Неколку часа подоцна полската веб страна money.pl објавила дека компанијата сепак успеала да дојде до некои информации со помош на сателитско следење.

„Во 15.44 некој се обидел да го запали камионот. Во следниот час ништо не се случувало. Следејќи го обидот на палење следело и во 16.52 и моторот работел се до 17.37. Меѓутоа, возилото не се поместувало. Во меѓувреме имало уште неколку обиди за палење, а камионот почнал да вози дури во 19.34“, рекле од компанијата потврдувајќи дека возачот со тоа не се обидувал да ја загрее кабината.

„Не, другиот систем служи за греење на кабината. Очигледно некој прв пат седнал во камион, и немал поима како да го управува.

Слично

Поврзани вести