Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Бебе старо 4 месеци извадено неповредено од урнатините во Катманду

(ФОТО) Бебе старо 4 месеци извадено неповредено од урнатините во Катманду
Четиримесечено бебе беше извадено неповредено од урнатините во Катманду, Непал. Малото бебе поминало повеќе од 22 часа под урнатините на една зграда по катастрофалниот земјотрес со јачина 7,8 степени според Рихтеровата скала на 25 април. Бебето е спасено од непалската армија и е во стабилна состојба, пренесе локалниот весник „Katmandu Today“. По детален преглед е утврдено дека бебето нема сериозни повреди и спасувачите ја опишуваат случката како вистинско чудо. bebe 5 Според непотврдени информации првично не се знаело дали бебето го преживеало уривањето со што непалската армија ги напуштила остатоците од зградата. Неколку часа подоцна, сепак, е чуен бебешки плач што ја натерало армијата да се врати и да го спасат.   Нема информации за родителите на четири-месечното бебе. bebe 4 Во меѓувреме француски тим извадиле од урнатините и 28-годишен маж, кој бил затрупан во текот на 82 часа. По прегледот се покажа дека е во зачудено добра состојба, иако бил затрупан под урнатините скоро четири деноноќија без вода и храна. Преживеаниот признал дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да преживее.  
Слично

Поврзани вести