Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Банда на злобни кловнови ја тероризираат Америка

Фото: Банда на злобни кловнови ја тероризираат Америка

Американската јавност се почесто е вознемирена од наводни напади и брутални акти на злобни кловнови за кои на социјалните мрежи се шираат панични теории дека се дел од организирана банда, па дури и субкултурна протестна група која се бори со секојдневните лоши навики на американските граѓани и им се одмаздува.

Во време кога социјалните мрежи се поважни од веродостојните новинарски извори лесно е да се шири паника и да се креираат теории, да се додаваат факти и настани. Но, дали зад злобните кловнови има вистинска закана?

Според повеќе полициски извештаи ширум САД злобните клонови најчесто се добро смислени „пренкови“ односно шеги на колеџ студентите, додека пак дел од нив се индивудуални криминални акти. 

Можеби токму нивната популаризација ги инспирира силеџиите, психопатите, насилниците се почесто да ги користат маските на кловновите за да вршат напади, додека пак други само ја користат медиумската фама за да направат „забавно“ видео кое ќе се врти на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести