(ФОТО) Авионска драма и во Русија – „Боинг“ слета принудно во Санкт Петербург
Авион „Боинг 737“ успеал да слета успешно на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург.
Еден од моторите на авионот прекинал со работа и затоа морал принудно да слета.
Од диспечерската служба на аеродромот потврдија дека авионот слетал без никакви проблеми и нема повредени.
Авионот „Боинг 737“ имал редовен лет од Москва до Санкт Петербург, со 80 патници во авионот.
Имаше информации дека авионот летал само со еден мотор кој работи, но се покажа дека всушност еден мотор престанал да работи.
Слично

