Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Американски жртви идентификувани во урнатиот „ербас А-320“ 

(ФОТО) Американски жртви идентификувани во урнатиот „ербас А-320“ 

Тројца Американци се претпоставуваше дека загинале во авионската несреќа во јужниот дел на Француските Алпи, вклучувајќи и вработена во американска администрација и нејзината ќерка, соопшти денеска Стејт департментот.

Идентификуваните жртви се Ивон Селке од  Ноксвил, Вирџинија, вработена 23 години во Буз Ален Хамилтон АД во Вашингтон, и нејзината ќерка, Емили Селке, која неодамнна дипломирала на Универзитетот Дрексел во Филаделфија. Американската влада соопштува дека не е идентификан третиот американец кој бил во авионот.

emily-selke-victim-1234p_56ff6850c15f33ffc22b55172a20b3a0

Ивон Селке извршувала работа под договор со Националната агенција за геопросторни-разузнавања, во канцеларија на Пентагон за сателитски мапи, Буз Ален и во Министерството за одбрана во изјавите за АП потврдиле дека го пријавиле нејзиниот идентитет и вработување.

„Секоја смрт е трагедија, но ретко смртта влијае на сите нас толку директно и неочекувано“, рече  директорот на NGA Роберт Кардило.

„Сите ние го искажуваме  нашето најдлабоко сочувство и ќе го задржиме нејзиното семејство и нејзините колеги во нашите мисли.“

Главниот шеф на Буз Ален , Бети Томпсон, Селке ја опишува како „прекрасен соработник и еден посветен вработен кој ја помина својата кариера со фирмата.“

Слично

Поврзани вести