(ФОТО) АМЕРИКАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Влегуваме во копнена борба против Исламска држава!
Ештон Картер во интервју за CNBC изјавил дека коалиционата чизма ќе застане на тлото на Ирак и Сирија во борба против терористичката ИСИЛ.
„Ќе дадеме се од себе за да го поразиме ИСИЛ. Верувам дека ќе победиме, но сакам да го забрзам тој процес“, рекол Картер.
Исто така додал дека американските сојузници во борба против ИСИЛ „може да направат повеќе“ и додал дека терористите мора да бидат поразени во Ирак, своето жариште во Сирија, Мосул, каде се зацрврстиле во Ирак.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SputnikInt/status/690531135101603840?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Мора да ги уништиме во тие два град и би сакал тоа да го почнеме што порано“, нагласил Картер.
Американскиот министер за одбрана додал дека американската коалиција се обидува да ги отсече комуникациите помеѓу терористите во „ирачкиот и сириски театар“ и дека Вашингтон попрво би ги мобилизирал локалните сили отколку да се бори со нив.
„Бараме можност да направиме повеќе и ќе застанеме со чизмата на тло-сакам да бидам целосно јасен-но тоа е стратешко прашање, подобро би ги оспособиле локалните сили да победат отколку да им бидеме замена“, рекол Картер и додал: „Мислам дека ниту ние ниту било кој друг неможе да ги замени, но многу можеме да направиме и да ги оспособиме, помеѓу останатото и да се бориме на копно со нив.“
