Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Аматриче утрово повторно го погоди земјотрес

ФОТО: Аматриче утрово повторно го погоди земјотрес

Во централниот дел на Италија утрово околу 6.30 часот  е регистриран нов земјотрес во Аматриче.

TETktkqTURBXy8zODlmZmNlYTkwNmVlM2QwMGFhMzVmNjk0YWUzMTM2ZC5qcGVnk5UCzQMUAMLDlQLNAdYAwsOVB9kyL3B1bHNjbXMvTURBXy8xZDc0Y2I0MTcwNTk1MDQzNjYyOWNhYmQ2MDZmNTBmNi5wbmcHwgA

Американскиот геолошки институт соопшти дека најновиот земјотрес бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, а италијанскиот геолошки институт објави дека потресот бил со јачина од 4,8 степени.

На овој земјотрес, во текот на ноќта, му претходеле десетина послаби потреси, пренесоа италијанските медиуми.

Во последните два дена, по разорниот земјотрес, регистрирани се повеќе од 500 потреси.

Во катастрофалниот земјотрес кој во средата ја погоди централна Италија, загинале 250 луѓе, а 365 се повредени. Околу 200 Италијанци се извлечени од под урнатините само во местото Аматриче.

Гратчето беше оштетено во земјотресот кој земјата ја погоди во средата.

yJlktkqTURBXy84OGI4MmQyZTMxNzhkOTQ0ODM4ZjM1NjE5NDBlZjFkNi5qcGVnk5UCzQMUAMLDlQLNAdYAwsOVB9kyL3B1bHNjbXMvTURBXy8xZDc0Y2I0MTcwNTk1MDQzNjYyOWNhYmQ2MDZmNTBmNi5wbmcHwgA

Слично

Поврзани вести