Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) АКО ВИДИТЕ ЗЕЛЕНА ТЕЧНОСТ ПРЕД ВРАТАТА НА СТАНОТ ПОВИКАЈТЕ ПОЛИЦИЈА: Нови методи на крадење по станови

(ФОТО) АКО ВИДИТЕ ЗЕЛЕНА ТЕЧНОСТ ПРЕД ВРАТАТА НА СТАНОТ ПОВИКАЈТЕ ПОЛИЦИЈА: Нови методи на крадење по станови

Германската полиција ги предупредува граѓаните да внимаваат ако видат зелена течност на земјата пред нивната врата или на бравата.

Станува збор за нов метод на кражба со кој провалниците полесно влегуваат во стан или куќа. Тие користат течност за кршење на бравите на вратите, што може да биде опасно по здравјето на луѓето, пишува Fenix ​​Magazine.

„Доколку видите течност, веднаш повикајте полиција. Според резултатите од првите тестови, се работи за концентрирана азотна киселина, една од најсилните минерални киселини“, се вели во полициското соопштение.

Течноста не мора нужно да биде зелена бидејќи бојата зависи и од материјалот на бравата. Може да биде и безбоен, жолт или кафеав, но најчесто е зелен, предупредува полицијата во своето соопштение. Досега само во Берлин полицијата евидентирала 31 кривично дело во кои провалници користеле опасна течност.


Слично

Поврзани вести