Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) АБДЕСЛАМ, КУАЧИ, ЕЛ БАКРАУИ: ИСИС за бомбашки напади избира намерно браќа-Зошто?!

(ФОТО) АБДЕСЛАМ, КУАЧИ, ЕЛ БАКРАУИ: ИСИС за бомбашки напади избира намерно браќа-Зошто?!

Терористичките организации, како што е Исламска држава, намерно за смртоносни терористички напади, како оној во Брисел, регрутира браќа или семејно поврзани лица. Се покажало дека на тој начин, најуспешно се изведуваат нападите.

Самобомбашакиот напад на аеродромот Завентем во Брисел го извеле браќата Ибрахим и Калид ел Бакрауи. Криминалистичкиот психолог Миа Блум појаснува како крвните врски се појавуваат во многу злостори во последните децении, уште од 70-тите години на минатиот век.

Семејсните терористички ќелии му помагаат на ИСИС да избегне било каков надзор на тајните служби и полиции, а од друга страна, Исламска држава добива квалитетен механизам на проверка на своите членови.

Libija-3

„Кога се работи за самобомбашки напади, секогаш постои можност некој во последен момент да се предомисли, меѓутоа, потеѓко ќе се откаже ако со него е некој од семејството бидејќи не сака да ги разочара“, објаснила Блум.

Парискиот масакр го направија, помеѓу останатите, и двајца браќа-Салах и Брахим Абдеслам. Салах, на крајот , сепак не го активирал експлозивот и избегал, и беше во бегство се додека не е уапсен пред неколку дена во Брисел.

Salah-Abdeslam

Во јануари 2015, уште еден братски пар учествуваше во нападите на сатиричниот весник Шарли Ебдо кога беа убиени 12 лица. Се работи за Саид и Шериф Куачи, а и двајцата ги уби полицијата.

„Најлесно е да се регрутира член на семејство, а потоа пријател.

Said-i-Serif-Kuasi

Бомбашкиот напад во текот на маратон во Бостон ги изведоа исто така двајца браќа-Џохар и Тамерлах Царнајеви. Во април 2013 тие двајца на бостонскиот маратон усмртија тројца а повредија 260 лица.

Клинт Ватс, поранешен припадник на ФБИ, вели дека , и покрај силната застапеност на Исламска држава на Интернет, најмногу луѓе се регрутираат непосредно.

Tan2016-3-23_19461444_0

„Најлесно е да се регрутира член на семејство, а потоа пријател. Лицата кои физички се блиски не се сомнителни“, рекол Ватс и предупредил дека многумина со криминални досиеја и се вртат на Исламска држва бидејќи за нив тоа е најмалата лоша опција.

Со тоа се сложува и Блум.

„Исламска држава праќа порака дека оние со најлошо минато може да имаат најдобра иднина“ пренесе Скај њуз.

Слично

Поврзани вести