Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) 22 милиони во 2013: Во светот повеќе раселени поради природни катастрофи отколку од војни!

(ФОТО) 22 милиони во 2013: Во светот повеќе раселени поради природни катастрофи отколку од војни!

Природните катастрофи минатата година доведоа до три пати повеќе раселени лица отколку што тоа го предизвикале вооружените судири, се наведува во објавената студија на Норвешкиот совет за бегалци.

Тоа покажува, како е истакнато во студијата, на итната потреба да се решат проблемите на загрозените поради климатските промени, пренесува АФП.

Во студијата е наведено како 22 милиони луѓе се раселени во 2013 поради природни катастрофи, што е за три пати повеќе од бројот на оние кои биле приморани да си одат од своите куќи поради вооружените судири.

Повеќе од 80 одсто се раселени поради минатогодишните катастрофи се наоѓаат во Азија.  Филипините претрпеле две најголеми катастрофи во 2013 година = поради тајфуните Халијан и Тами, поради кои се раселени 5.8 милиони луѓе. Во однос на број на населението, осум од 20 најголеми катастрофи се случиле во подсахарска Африка.

Ни богатите нации не се имуни, се наведува во студијата, со потсетување дека торнадо ги погоди Јапонија и САД, а дека поплавите во канадската покраина Алберта довеле до раселување на близу 600.000 луѓе, пренесува француска агенција.

 
 
Слично

Поврзани вести