(ФОТО ) СЛИКА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Во авион од Авганистан „напикани“ 640 Авганистанци-бегаат од пеколот
Илјадници Авганистанци се обидуваат да ја напуштат земјата од неделата вечерта, а најбезбедната зона и најверојатно билетот за излез се покажа аеродромот во Кабул, каде во понеделникот настана хаос.
Откако започна евакуацијата на странци, авганистански државјани упаднаа на аеродромот. Американските војници пукаа во воздух за да ја растераат толпата што се обидуваше на секој можен начин да се качи на еден од авионите.
Најмалку пет лица загинаа во хаосот, три во несреќа од авион во кој се качуваа, и двајца војници убиени од американски војници, објавија во понеделникот странските медиуми.
Defence One објави фотографија на која се гледа како 640 Авганистанци се втурнати во авион Ц-17, во кој вообичаено се превезуваат до 150 патници. Сите избегаа од талибанскиот режим и се качија на транспортниот авион на американските воздухопловни сили за лет кон Катар.

