Фосил од Израел открива нови детали за почетокот на човештвото
Фосил од череп пронајден во северниот дел на Израел открива нови детали за почетокот на модерниот човек за кој досега научниците веруваа дека откако еволуирал во Африка пред 60 илјади години започнал да се преселува од континентот по што ги потиснал Неадраталците, вид на човеколики примати кои потоа целосно изумрел.

Според анализата утврдено е дека черепот е стар меѓу 175 и 200 илјади години, што дава сугестија дека преселбата на модерниот човек од Африка започнала неверојатни 100 илјади години порано од досегашните претпоставки.
Ако се земе временската рамка се доаѓа до податокот дека модерното човештво се развива вкупно околу 200 илјади години што е речиси двојно од досегашните истражувања на научниците, но за целосна потврда ќе бидат потребни повеќе анализи како и повеќе археолошки докази.
