Економија, финансии, бизнис

Контакт

Форензичарите тврдат дека авионот на Египет ер експлодирал?

Форензичарите тврдат дека авионот на Египет ер експлодирал?

Форензичарите од Египет кои работат на падот на авионот на Египет ер на лет 804, објавија дека човечките остатоци кои се најдени во Медитеранот упатуваат на тоа дека се случила експлозија во авионот.

„Нема ниту едно цело парче од тело, како рака или глава. Логичното објаснување е дека станува збор за експлозија“- вели форензичар.

Тој објаснил дека добиле околу 80 мали парчиња од тела за да ги анализираат. Авионот ербас А320 на Египет ер исчезна од радарите во четвртокот рано наутро со 66 лица, набрзо откако излегол од грчкиот воздушен простор на лет од Париз кон Каиро. Потврдено е дека авионот се урнал во Средоземното Море, но причините за падот се непознати.

Слично

Поврзани вести