Економија, финансии, бизнис

Контакт

Форд ја спаси фабриката во Романија

Форд ја спаси фабриката во Романија

Фабриката на „Форд“во романскиот град Крајова го зголеми  производството за близу десет пати. Форд ја спаси фабриката во  што произведува мотори за Северна Америка и Азија, пишува денеска весникот „Зиарул финансиар“.

Според весникот, по намалувањето на производството на автомобили поради падот на продажбата во Европа, сега има раст од над 1.000 произведени мотори на ден, кои се извезуваат во Америка и Азија.

- Работата е во две смени. Имаме капацитет за производство од 350.000 мотори, а годинава ќе достигнеме бројка од 200.000 мотори, во споредба со 27.000 мотори произведени минатата година, изјави шефот на одделот за производство на мотори во фабриката на Форд во Крајова.

Според „Зиарул финансиар“ приходите од овие 200.000 мотори ќе надминуваат над една милијарда евра, додавајќи дека со производството на 70.000 возила Б-Макс, приходите ќе се зголемат за дополнителна милијарда евра.

За споредба „Дачија“, најголемиот производител на возила во Романија, минатата година произвел 254.000 мотори, а целиот промет на компанијата изнесувал 2,85 милијарди евра

Слично

Поврзани вести