Форд инвестира 200 милиони евра во фабрика и отвара 450 нови работни места
Американскиот производител на автомобили Форд ќе отвори нови 450 работни места и ќе вложи околу 200 милиони долари во фабриката за мотори во Охајо, соопштија од компанијата. Според нивните очекувања, фабриката би требало двојно да ка зголеми продажбата на енергетски ефикасните мотори „екобуст“(EcoBoost). Дволитарските мотори, коишто се продаваа на пазарот на Северна Америка, порано се произведуваа во фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија, пренесе агенцијата Франс прес.
„Новата одлука нема да влијае на бројот на вработени во постројката во Валенсија, каде што дел од работниците ќе биде преместен од фабриката за мотори во секторот монтажа“, за да се излезе во пресрет на поголемото производство на одредени модели на автомобилите, наведе компанијата.
Фабриката во Валенскија ќе продолжи да произведува делови коишто ќе се користат во производство на мотори во САД и ќе продолжи да биде единствената фабрика која произведува дволитарски мотори за возила кои се составуваат во Европа.
Фабриката во Кливленд во Охајо моментално произведува мотори „екобуст“ со волумен 3,5 литри, како и мотори V6 со волумен 3,7 литри, а кон крајот на 2014 година ќе почне со производство на дволитарски мотори „екобуст“.
Форд соопшти дека оваа година планира да го зголеми глобалното производство на мотори „екобуст“ на 1,6 милиони, што е речиси 100.000 повеќе во однос на порано.
Слично
