„Форбс“ во рацете на инвеститори од Хонг Конг
Група меѓународни инвеститори со седиште во Хонг Конг го купија мнозинскиот пакет акции во компанијата Форбс Медиа, издавач на магазинот „Форбс“, за речиси половина милијарда долари.
Точната вредност на трансакцијата е 475 милиони долари, а купувач е Интегрејтед Вејл Медиа Инвестментс, групација основана од инвеститорот Так Чеун Јам.
Форбс Медиа цели 97 години беше во семејна сопственост, а сега семејството Форбс остануваат малцински акционери. Сепак новите сопственици не планираат драстични промени - Стив Форбс останува претседател и главен уредник, а седиштето на компанијата останува во САД. Сепак се најавува засилена меѓународна експанзија.
Продажбата на „Форбс“ беше најавена уште во ноември лани. Реномираниот магазин во моментот има публика од 75 милиони читатели.
Слично
