Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Форбс“ со шокантно тврдење: Руската армија може „да ја згази“ американската во Источна Европа

„Форбс“ со шокантно тврдење: Руската армија може „да ја згази“ американската во Источна Европа

Американските стратези се пред можна војна со Русија во рамките на пет години, но ако конфликтот започне, САД ќе се соочат со „логистички кошмар“ и проблеми од технолошки карактер.

Претседателот на САД, Барак Обама направи грешка, која доведе до сериозен пад на борбената готовност на американските вооружени сили стационирани на територијата на Европа. Тоа го прокоментира извршниот директор на Лексингтон Институтот, Лорен Томпсон во својата колумна за магазинот „Форбс“.

Според експертот политиката на Обама за постепено отстранување на голем дел од американските копнени сили од Европа заедно со намалувањето на програмата за вооружување „создаде вакуум“, кој во секој момент може да биде исполнет од Русија или Иран.

Американските стратези се пред можна војна со Русија во рамките на пет години, но ако конфликтот започне, САД ќе се соочат со „логистички кошмар“ и проблеми од технолошки карактер.

- Армиското раководство отворено признава дека на вооружените сили ќе им биде тешко против руските беспилотни авиони, системите за радиоелектронска борба, сајбертехнологиите, противтенковските оружја и управуваните проектили, се вели во статијата.

Дури поддршката на регионалните сојузници нема да додаде моќ за САД, ниту е способна да го изедначи копнениот и воздушниот потенцијал на Русија во хипотетичкиот конфликт на европска територија - руската армија „може да ја прегази американската“ и да ја утврди доминантната положба во Источна Европа, тврди авторот на статијата.


Слично

Поврзани вести