Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОРБС: Путин прв на листата, a кој го зема второ и трето место?

ФОРБС: Путин прв на листата, a кој го зема второ и трето место?

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел се искачи на второто место и го турна американскиот претседател Барак Обама на третата позиција на годишната листа на списанието „Форбс“ за највлијателни личности.

На првата позиција веќе трета година по ред останува претседателот на Русија, Владимир Путин.

Нови членови на листата се новиот шеф на Dell Мајкл Дел (59), најбогат човек во Кина Ванг Джианлин (68), новоизбраниот канадски премиер Џастин Трудо (69), милијардерот Карл Ајка (70) и кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп (72).

Путин "продолжува да докажува дека е еден од ретките луѓе во светот кои можат да си дозволат да прават што сакаат", пишува "Форбс".

Наметнатите меѓународни санкции на Русија  "ја удрија рубљата и ја потопуваат Русија во сè подлабока рецесија, без ни најмалку да ја ослабнат", продолжува списанието во коментар и потсетува дека рејтингот на Путин во Русија останува многу висок.

Одлуката на Путин да му помогне на сирискиот претседател Башар ал Асад со воздушни напади против невладини сили ја задржа неговата популарност и на меѓународен план.

"Форбс" листата ја прави на тој начин што ги мери луѓето во неколку различни принципи.

Еден од нив е дали кандидатот има власт над многу луѓе. Папата Фрањо, кој оваа година останува на четвртото место, е духовен водач на повеќе од една милијарда католици, а Даг Мак Милн, извршниот директор на Wal-Mart Stores, за кого работат 2,2 милиони работници, останува на 32-место.

Друг критериум е личната состојба на кандидатите, за претседатели се користи нивото на БДП, а за директори на компании - големината на приходите и имотот на компанијата. Така Бил Гејтс ја превзема шестата позиција на кралот на Саудистка Арабија, кој има апсолутна власт над речиси 20% од нафтените резерви на светот.

Слично

Поврзани вести