Економија, финансии, бизнис

Контакт

Форбс: Играч на крикет поскап од Меси, Реал на врвот

Форбс: Играч на крикет поскап од Меси, Реал на врвот
На најновата листа на најголеми спортски брендови, кoja што влијателниот магазин Форбс ја објавува секоја година , Реал Мадрид, прв пат во својата историја, стана маркетиншки најпрофитабилен клуб во глобални рамки. Вредноста на се она што му припаѓа на Реал Мадрид од минатогодишните 225 скокна на 450 милиони долари. Па така „кралскиот клуб‘‘ ги надмина недопирливите Њујорк Јенкис (443), но и Манчестер Јунајтед (433) како и својот ривал Барселона. Форбс, јасно истакна дека потенцијалот на Реал порасна со доаѓањето на Гарет Бејл, бидејќи неговиот бел дрес на пазарот ширум светот стана најбаран артикал. Се разбира, зголемен е и интересот на спонзорите, бидејки на Реал преку ноќ му се отворија вратите на британскиот пазар. Манчестер и понатаму е староседелец на врвот поради присутноста на „блискиот исток‘, а Барселона со 45 милиони долари годишно од „Katar ervejz‘‘ останува најскапиот спонзорски договор за дрес оваа година. Клубови со најголема заработка се: 1.Real Madrid 450 2. Njujork Jenkis 443 3. Mančester junajted 433 4. Barselona 361 5. Dalas Kaubojs 273 6. Boston Red Soks 237 7. Los Anđeles Dodžers 225 8. Nju Ingland Pejtriots 223 9. Bajern Minhen 203 10. Arsenal 162 Што се однесува до самите спортисти, листата ја предводат  Тајгер Вудс и Роџер Федерер. Според Форбс, нивната заработка е 46 милиони долари која ги вклучува и заработките од наградите и спонзорите. Во првите десет најисплатливи и најбогати спортисти се наоѓаат и Леброн Џејмс, Коби Брајант, Јусеин Болт и Фил Микелсон. На Роналдо, вредноста му скокна поради договорот со „хербалајф‘‘ кој му гарантира 5 милиони долари годишно, додека Лионел Меси од спонзори има приходи околу 20 милиони долари на годишно ниво. Спортисти со најголема заработка се:
1. Tajger Vuds 461. Rodžer Federer 463. Lebron Džejms 274. Fil Mikelson 255. Mahendra Sing Doni 21 6. Jusein Bolt 20 7. Kobi Brajant 19 8. Kristijano Ronaldo 13 9. Lionel Mesi 13 10. Sakin Tendulkar 11
Што се однесува до спортските компании, убедливо води „Nike‘‘
Слично

Поврзани вести