Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОРБС: Eве зошто НАТО не може да ја победи Русија

ФОРБС: Eве зошто НАТО не може да ја победи Русија

Поради заострувањето на меѓународните односи, се почесто во медиумите се пишува за хипотетичка ситуација во која би дошло до конфликт меѓу НАТО и Русија.

Коментаторот на американскиот Форбс, Лорен Томпсон смета дека Русија има предност која може да и обезбеди успех во евентуален вооружен судир.

Прво, НАТО ја занемари припремата за одбрана од високотехнолошка опасност, пишува Томпсон.

Петнаесет години војување против бунтовници во југоисточна Ација, доведе до тоа војската да биде припремена за борба против нерегуларни сили, како што е да речиме Исламската држава.

Russia Military

Освен тоа, Томпсон смета дека Русија има огромна географска предност во ваквиот конфликт.

Русија е историски навикната на борба на копно, а имајќи ја во предност и големината на вооружените сили во западниот дел на земјата, Русија може брзо да мобилизира голем број на војници, нагласува Томпсон.

Авторот на статијата е уверен дека воздушната поддршка на НАТО може да се покаже како неефикасна, затоа што Русија има многу можен воздушно одбранбен систем.

FoNet/AP-AVIONI-SUHOJ

„Голем дел од воздушниот простор само на Полска, е во домет на одбранбениот систем на Русија. Руските ракетни системи можат да го оборат секој авион, кој е опремен со туѓа технологија.” – пишува аналитичарот.

Американскиот коментатор смета и дека руското вооружување е се помоќно.

„ Руската војска е се попрофесионална, бидејќи земјата вложува во вооружување, за разлика од САД и нејзините сојузници кои не инвестираат доволно во развој на нови технологии” – пишува Томпсон.

Слично

Поврзани вести