Фондот на Бафет со рекордна добивка
Профитот на управуваниот фонд од Ворен Бафет е зголемен два пати - до рекордно ниво во неговата историја.
Во голема мера тој се зголемил од стекнувањето на Kraft Heinz. Профитот на Berkshire Hathaway Inc се зголемил до 9.43 милијарди долари, или 5 737 долари по акција од класа "А", наспроти 4.72 милијарди долари, или 2 876 долари по акција.
Оперативната добивка сепак се намалила за 4%, до 4.55 милијарди долари, или 2 769 долари по акција. Просечните очекувања на аналитичарите беа за профит од 2 720 долари по акција.
Меѓу бизнисите на холдингот најголем пад во профитот - од 34%, се регистрира во осигурителниот - до 414 милиони долари.
"Генерално гледаме доста добар оперативен профит", вели Џеф Метјуз, управен директор во Ram Partners LP.
"Нема ништо чудно во претставувањето покрај предвидената слабост, регистрирана во бизнисот", додава стратегот.
Во портфолиото на Berkshire има околу 90 бизниси кои работат , меѓу кои реосигурување General Re, хемиската Lubrizol, компанијата за производство на приватни авиони NetJets и производителот на слодолед Dairy Queen.
Бафет управува со Фондот од 1965 година наваму. Во добивката на фондот се рефлектира зголемување од еднократни приходи поврзани со стекнувањето на производителот на кечап Kraft Heinz во износ од 6,8 милијарди долари, или 4,4 милијарди по даноци.
