ФОНДАЦИЈА ГЕЈТС ЌЕ ДАДЕ 8,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА СВЕТСКОТО ЗДРАВСТВО ВО 2023: Не е во ред што ние сме клучните финансиери
НЕ е правилно што Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс игра толку
важна улога во финансирањето на глобалното здравје, но нема да се откажеме
додека другите не се вклучат, рече извршниот директор на фондацијата.
Фондацијата Гејтс беше критикувана дека е премногу моќна и влијателна во
глобалното здравје, вклучително и Светската здравствена организација, без да
преземе соодветна одговорност.
Во годишното писмо објавено во вторникот, извршниот директор Марк Сузман одговори на тие критики, истовремено најавувајќи дека фондацијата ќе потроши 8,3 милијарди долари оваа година, што е најмногу досега. „Не е во ред приватната филантропска организација да е еден од најголемите финансиери на глобалните здравствени напори“, рече Сузман, додавајќи дека државите треба да го преземат водството.
„Ќе бидеме таму“
„Но, не правете грешка - каде што има решенија за спасување и подобрување на животите на луѓето, ние ќе бидеме таму. Нема да престанеме да го користиме нашето влијание и нашите пари за да најдеме решенија“.
Сузман рече дека целта на фондацијата не е да им каже на СЗО и на другите здравствени организации што да прават, туку да им понуди различни опции и податоци за да можат да донесат клучни одлуки.
Бил Гејтс, технолошкиот милијардер кој ја основаше фондацијата, ја бранеше фондацијата од обвинувањата дека нејзината огромна сума пари и дава несоодветно влијание врз светскиот развој. Со инвестиции насочени кон искоренување на болести како маларија и полио, фондацијата е вториот најголем донатор на СЗО. Ова е едно од прашањата што критичарите редовно го истакнуваат, особено за време на пандемијата на Ковид-19.
„Би сакал да видам уште многу влади да нè надминат на таа листа, бидејќи тоа би значело повеќе спасени животи“, напиша Сузман. СЗО минатата година се согласи дека земјите-членки ќе ги зголемат своите плаќања за да ја намалат улогата на приватните донатори и да и овозможат на организацијата да ги троши парите пофлексибилно.
