Фон дер Лајен уверува дека уцените на Путин нема да успеат и никој нема да се смрзнува
Никој нема да се смрзнува во Европа оваа зима, уверува претседателката на Европската Комисија(ЕК).
Таа вели дека рускиот претседател Владимир Путин нема да успее да ги уценува добавувачите на енергенси. Фон дер Лајен во интервју за утрешното издание на виенскиот дневен весник „Курир“ истакна дека Путин од почетокот на војната во Украина се обидува да ја уценува и подели Европа со испораки на енергија.
Фон дер Лајен на 20 јули рече дека целосното прекинување на рускиот гас за Европа е „веројатно сценарио“, а извршната власт на ЕУ предложи цел за земјите-членки да го намалат снабдувањето со гас за 15 отсто до март 2023 година.
Слично
