ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Украина може да влезе во EУ пред 2030 година
Украина може да влезе во Eвропската Унија(ЕУ) пред 2030 година.
Ова е можно доколку продолжи со реформите со истата динамика и квалитет, потврди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на денешната прес-конференција. Вели дека процесот на проширување на ЕУ се заснова на заслуги и дека пристапувањето мора да биде корисно и за земјата-кандидат и за Унијата. Таа додаде дека Унијата избегнува да дава точни датуми за членство, за да не создаде нереални очекувања кај другите кандидатки.
„Украина добро напредува и ако продолжи со реформите со оваа брзина и квалитет, можно е да стане членка пред 2030 година“, изјави Фон дер Лајен.
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа денеска предложи 1 јануари 2030 година да биде официјален датум за пристапување на Украина во Европската унија.Еврокомесарката за проширување Марта Кос вети дека ќе ја внесе Украина во ЕУ.
