Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фон дер Лајен прва му се јавила на Зеленски во 2023: Пристигнуваат ЛЕД светилки и училишни автобуси во Украина

Фон дер Лајен прва му се јавила на Зеленски во 2023: Пристигнуваат ЛЕД светилки и училишни автобуси во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека во Киев на 3 феврураи ќе биде одржан заеднички самит со Европската унија за европската финансиска и воена поддршка.

Во синоќа објавеното соопштение, од Кабинетот на Зеленски се посочува дека за средбата претседателот на Украина разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во првиот телефонски разговор годинава.

Зеленски рече дека во текот на јануари ја очекува првата транша од макрофинансиската помош од Европската унија (ЕУ) за оваа година.

„Мило ми е што ја започнувам годината со разговор со Урсула фон дер Лајен. Благодарам за поддршката од ЕУ. Ја чекаме првата транша од макрофинансиската помош во јануари, првата серија ЛЕД светилки, училишни автобуси, генератори. Ги координиравме чекорите пред самитот на Украина и ЕУ“, напиша Зеленски.

Со одлуката на состанокот во Киев се става крај на шпекулациите за можно ново патување на претседателот Зеленски во странство, по неговата ненадејна посета на Вашингтон во декември.

Европскиот парламент минатиот месец најави нова помош за Украина вредна 18 милијарди евра, што вклучува и испораки на „соодветно” оружје.

Самитот на 3 февруари нема да значи присуство на шефовите на држави и влади на ЕУ, туку ќе учествуваат само Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како што веќе најави портпаролот на Мишел, пренесе германската агенција ДПА.

Европскиот парламент во декември го прифати законодавниот пакет со кој се овозможува финансирање на Украина, а вклучува и 15-процентно оданочување на екстра-профитот на мултинационалните компании.


Слично

Поврзани вести