Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ОСТРО - „ЗНАЕМЕ КОИ СТЕ, НЕМА ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕТЕ“ - Новиот пакет на санкции таргетира и руски воени офицери за злосторства ви Буча и Мариупол

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ОСТРО - „ЗНАЕМЕ КОИ СТЕ, НЕМА ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕТЕ“ - Новиот пакет на санкции таргетира и руски воени офицери за злосторства ви Буча и Мариупол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент ги презентираше деталите за шестиот пакет санкции против Русија заради инвазијата врз Украина, и откако најави целосен крај на зависноста на Европската унија од руската нафта, таа рече дека новиот пакет ги таргетира и високите руски воени офицери кои извршиле воени злосторства во Буча и Мариупол:

-Знаеме кој сте, нема да се извлечете, рече Фон дер Лајен“.

Таа истакна и дека третата мерка од новиот пакет санкции се однесува на исклучување на три големи руски државни медиуми од кабелската, сателитската или интернет мрежата на ЕУ, но, не прецизираше за кои радиодифузери станува збор.

„Веќе нема да им биде дозволено да ја дистрибуираат својата содржина во Европската унија, во која било форма, без разлика дали преку кабел, сателит, Интернет или паметни апликации“, рече фон дер Лајен.

Таа ги нарече руските медиуми, кои ќе бидат исклучени од медиумскиот простор во ЕУ, „гласници кои агресивно шират лаги и пропаганда (на рускиот претседател Владимир) Путин“.

– Не треба повеќе да им даваме простор да ги шират тие лаги, додаде таа.

Исто така, како четврта мерка таа најави исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од глобалниот СВИФТ систем на меѓубанкарски трансакции.

ФОТО: EPA/JULIEN WARNAND

Слично

Поврзани вести