Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фон дер Лајен: ЕУ треба да и обезбеди на Украина сè што и е потребно за да биде силна

Фон дер Лајен: ЕУ треба да и обезбеди на Украина сè што и е потребно за да биде силна

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска се залагаше дека Европската унија (ЕУ) треба да обезбеди голема финансиска поддршка за Украина и силно да ја поддржи кандидатурата на Киев за пристапување во ЕУ.

Таа зборуваше во пресрет на, како што се смета, клучен самит на европските дваесет и седум во четврток и петок, на кој ќе се одлучи дали Унијата ќе го одобри почетокот на пристапните преговори со Украина, како и европската помош. од 50 милиони евра во вид на подароци и заеми.

„Треба да и го дадеме на Украина она што и треба за да биде силна денес, да биде посилна утре, во моментот кога се преговара за праведен и траен мир“, рече Фон дер Лајен пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур.

Во време кога војната се пролонгира, ние треба да докажеме што значат нашите зборови, дека ќе ја поддржуваме Украина „се додека тоа е потребно“, нагласи таа.

„Украина не се бори само против напаѓачите, туку и за Европа. Приклучувањето кон нашето семејство би било најголемата победа за Украина“, рече фон Дер Лајен, додавајќи дека ЕУ треба да игра „одлучувачка улога“ за тоа.

Според неа, ЕУ треба да гарантира стабилно и суштинско финансирање на Украина во следните четири години, што, како што истакна, ќе им даде доверба на инвеститорите и ќе им даде надеж на украинските борци.


Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан, единствениот лидер на ЕУ кој одржува блиски врски со Кремљ од почетокот на руската инвазија, се заканува дека ќе ги блокира клучните одлуки на ЕУ во врска со Украина.

Во надеж за отстранување на унгарската блокада, Европската комисија денеска треба да одлучи да ослободи уште 10 милијарди евра за Будимпешта. Тоа предизвика бурни реакции во Европскиот парламент, каде европратениците се загрижени дека Брисел ќе „попушти пред уцените“ на националистичкиот унгарски лидер.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести