Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фолксваген во разговори за влез во воената индустрија

Фолксваген во разговори за влез во воената индустрија

Фолксваген размислува за необичен пресврт во својата фабрика во Оснабрик. Наместо автомобили, таму во иднина би можеле да се произведуваат компоненти за системи за воздушна одбрана, објавија Reuters и Financial Times.

Станува збор за погон каде моментално се произведува T-Roc Cabriolet, но тој модел треба да се повлече во 2027 година. Тоа ја отвори дилемата што понатаму со фабриката и со околу 2.300 вработени.

Според информациите, германскиот автомобилски гигант разговара со израелската Rafael Advanced Defence Systems за можен ангажман поврзан со системот „Железна купола“. Од Фолксваген потврдуваат дека бараат решение за иднината на фабриката, но велат дека не станува збор за директно производство на оружје.

Овој можен потег покажува колку брзо се менува европската индустрија. Фабриките што со децении произведуваа автомобили сега сè почесто се разгледуваат и како можни партнери на одбранбената индустрија.


Слично

Поврзани вести