„Фолксваген“ со план да продаде три милиони возила во Кина
Германскиот производител на возила „Фолксваген“ во тековната година планира да продаде три милиони возила во Кина, во однос на 2,8 милиони во 2012 година.
Очекувајќи пораст на побарувачката на кинескиот пазар за автомобили годишно од 6 до 8 отсто во следниот период од 3 до 5 години, „Фолксваген“ планира со иста динамика да ја зголеми и својата продажба на возила на овој пазар.
За таа цел, „Фолксваген“ до 2018 година ќе го зголеми бројот на вработените во своите филијали во Кина на околу 100.000 во однос на сегашните 75.000.
Слично
