„Фолксваген“: Проблемот влијае само на еден модел мотори на 11 милиони автомобили
Компанијата "Фолксваген" соопшти дека проблемот поради кој избувна скандал со податоците за емисиите од нејзини автомобили во САД, влијае на еден единствен вид мотори. Тоа е софтверот за турбо EA 189, но тој е монтиран на близу 11 милиони возила во целиот свет.
Од компанијата потврдуваат дека се основани сериозни разединувања меѓу резултатите од лабораториските тестови и вистинска употреба на патот. "Фолксваген" објави уште дека предметниот софтвер нема никаков ефект за мнозинството од овој тип мотори и не влијае на управувањето, потрошувачката на гориво или емисиите.
За дизел мотори со европски стандард за емисии Евро 6 од "Фолксваген" истакнуваат дека ги исполнуваат сите законски и еколошки стандарди.
За совладување на кризата со EA 189 се одделуваат близу околу 6.5 милијарди евра, кои ќе бидат земени во сметководствените резултати за третиот квартал. Поради тековната истрага оваа сума може да се зголеми.
Но на пазарите продолжува и бранот лоши вести за најголемиот по продажба производител на автомобили во светот.
Акциите на компанијата продолжија да се амортизираат втор ден по избивањето на скандалот и во моментов најголем пад од нејзината капитализација беа изгубени околу 30 милијарди евра.
Аналитичарите коментираат дека несомнено тоа е најголемиот скандал во 78-годишната историја на "Фолксваген" и дека сите нивни прогнози за презентација на компанијата веќе немаат вредност.
Скандалот тргна од Калифорнија, кога во септември локален регулатор се закани дека нема да дозволи употреба на модели "Фолксваген" за 2016г. со т.н. "чист дизел". Дури тогаш компанијата призна дека има нерегуларности.
Сега државните обвинители на Њујорк и неколку други држави формираат специјални групи за истрага на скандалот и проверка дали се прекршени закони за заштита на животната средина и заштита на корисникот.
Под сериозно прашање е иднината на главниот извршен директор Мартин Винтеркорн, откако предвидената за среда седница на специјална комисија на компанијата беше повикана во вторник вечер, а во петок има борд на директори, на кој треба да се дискутира за продолжување на неговиот договор до 2018г.
