Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фолксваген ќе ги поправа оштетените автомобилите од аферата со издувните гасови

Фолксваген ќе ги поправа оштетените автомобилите од аферата со издувните гасови

Германската автомобилската компанија Фолксваген доставила план за поправка на 80 000 автомобили со трилитарски дизел мотори, кои емитуваат до девет пати повеќе штетни гасови од дозволеното ниво.

Ова го соопштија калифорниската еколошка агенција и американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА).

По повеќе од четири месеци преговори, овој предлог на Фолксваген, како што оценува Ројтерс, ќе и овозможи на компанијата конечно да добие дозвола за нов почеток и продажба на дизел автомобили.

Инаку, американските трговски регулатори во ноември открија дека германската компанија користела попсебни софтвери кои прикажуваат помало ниво на загаденост, а со кој возилата Ауди, Порше и Фолксваген емитувале прекумерни количини штетни гасови.

Слично

Поврзани вести