Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фолксваген“ и „Ауди“ повлекуваат 32.000 возила од Австралија

Фолксваген“ и „Ауди“ повлекуваат 32.000 возила од Австралија

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ повлекува речиси 26.000 возила во Австралија, додека „Ауди“ повлекува 6.000 поради проблеми со менувачот.

Повлекувањето на возилата е последица на зголемената загриженост за безбедноста по загинувањето на една жена в Австралија во автомобил „голф“ произведен во 2008 година. Имено, автомобилот на 32-годишната жена во 2011 година нагло забавил, по што во него удрил камион.

Оваа вест покрена обвинувања од многу сопственици на „фолксваген“, чии автообили исто така застанале или забавиле на патиштата.

- Во некои случаи, електронска грешка во контролната единица внатре во менувачот може да предизвика прекин на напојувањето, се наведува во соопштението на филијалата на „Фолксваген“ во Австралија.

Слично

Поврзани вести