Економија, финансии, бизнис

Контакт

Флинт нуди 10 милиони за порно снимката на Трамп за да му стави крај

Флинт нуди 10 милиони за порно снимката на Трамп за да му стави крај

Кралот на порното, како што го нарекуваат Лери Флинт, основачот на Hustler, нуди 10 милиони долари за откуп на наводната секс снимка на американскиот претседател Доналд Трамп. 

Флинт, вели дека снимката сака да ја откупи од било кој хакер или шпион кој ја има за да ја објави и со тоа да му стави крај на кариерата на досега најлошиот американски претседател.

Се шпекулира дека Доналд Трамп на една бизнис посета на Санкт Петербург бил дочекан во најлукзусниот апартман каде му биле испорачани проститутки, но тој не знаел дека собата е озвучена и следена со видео камери за потоа да го уценуваат руските разузнавачки служби.

Постоењето на таква снимка го негираше и самиот руски претседател Владимир Путин велејќи дека никогаш не го уценувале Трамп. Флинт нуди награда и за било каков прљав веш за Трамп кој ќе води кон негов импичмент и разрешување од функцијата претседател на САД.


Слично

Поврзани вести