Економија, финансии, бизнис

Контакт

Fitch го намали рејтингот на Италија

Fitch го намали рејтингот на Италија
Меѓународната агенција за рејтинг Fitch соопшти дека ја намалила оценката за италијанскиот државен долг за еден степен до "BBB +" од "A-". Агенцијата истакна дека ја променила перспективата на долгот на негативна а оваа одлука ја брани со "неубедливите резултати на парламентарните избори од 24-25 февруари". "Малку е веројатно да се формира нова, стабилна влада во следните неколку недели", аргументира агенцијата. Според Fitch рецесијата на Апенините е "една од најтешките во Европа" и предупреди дека "зголемената политичка несигурност и неповолната ситуација за нови структурни реформи се дополнителен несакан шок за економијата". Според прогнозите на агенцијата италијанскиот јавен долг - еден од најголемите во еврозоната ќе го дистигне таванот оваа година - 130% од БДП, што е полошо од планираните 125%. Се претпоставува дека економијата на земјата ќе се намали за 1.8 % во 2013 година, по падот од 2,4% во 2012 година.
Слично

Поврзани вести