Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финското економско чудо, како земјата ја победи кризата!?

Финското економско чудо, како земјата ја победи кризата!?
Еско Ахо е почетокот на 90-тите години беше премиер на Финска и спроведе радикални реформи кои земјата ја извлекоа од длабоката економска депресија, пренесувва Јутарњи лист.. Ахо на крајот на мандатот ја внесе Финска во Европската унија, но радикалните реформи го чинеа губење на вториот мандат. „Мислам дека тоа беше многу отворен и демократски процес. Партија беше поделена, но дво-третинското мнозинство даде поддршка за пристапување во ЕУ. Слично на тоа, после се соочувавме со други чувствителни и критични прашања. И оние кои беа против ЕУ, го прифатија фактот дека станавме дел од Унијата. Постигнавме високо ниво на национално единство. Не целосно, но да речеме дека ние ја доведовме земјата до ниво на разбирање дека ова е најдобриот начин да се добие гаранција дека сите ќе живеат пристојно ", вели Ахо во своето интервју за весникот. На прашањето како Финска се извлече од економската депресија, Ахо вели дека тоа не била лесна работа „Нашата ситуација денес е многу различна од онаа на доцните 80-ти или почетокот на 90-тите години, но тогашните прилики се навистина многу слични на проблемите со кои во оваа криза мораше да се соочат земјата на европската периферија, особено од јужниот дел на Европа. Исто како и денес во Грција, Шпанија, кризата во Финска беше комбинација на неколку фактори, пред се на недостигот на конкурентност, без разлика дали тоа за цените или за структурата на економијата. „Се сретнавме со последиците од економскиот балон, кој пукна во доцните 80-ти и почетокот на 90-тите години, по распадот на СССР. Овој настан силно влијание врз нашиот извоз. Ако се погледнат денес, земјите од Медитеранот и Ирска и други земји на ЕУ кои се во криза, нивните симптоми се слични на нашите од деведесеттите. Видливо е пукањето на балонот, како и недостатокот на конкурентност. Проблемите во финансискиот сектор, се само логична последица на таквото сценарио. " За земјата да излезе од кризата, Ахо и неговите коалициски партнери знаеле дека  мора да се поправи на конкурентноста на финската економија. „ Веднаш почнавме да работиме паралелно на две работи, на краток и на долг рок. За да се постигне брз, но краткорочен ефект, ние ја девалвиравме круната, што резултираше со намалување на трошоците во сите сектори на економијата. За време на периодот пред еврото и Мастрихт, девалвацијата на националната валута се уште беше моќно економско средство", вели тој. Свесни за кратко времетраење на дејство на девалвациските инјекции, се почнува веднаш и со сериозно инвестирање во иднината. Финска значително ги зголемува трошоците за истражување и развој и издвојува големи суми пари за образование. Ова доведе до прв сериозен чекор во планирањето на долгорочно зголемување на конкурентноста, што повторно се темели на стратешките инвестиции во истражување и развој, првенствено за да се подобри квалитетот на универзитетите. Се друго е историја, пишува Јутарњи лист.  
Слично

Поврзани вести