Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финскиот претседател му порача на Путин да се погледне во огледало

Финскиот претседател му порача на Путин да се погледне во огледало

Претседателот на Финска, Саули Нинисто за тоа дали неговата земја со евентуалниот влез во НАТО ќе ја испровоцира Русија, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и Москва се виновни за сето ова и дека рускиот претседател треба „да се погледне во огледало“. 

Кажа дека не е прв пат да разговараат за НАТО. 

„На крајот на минатата година тие [Русија] изјавија дека Финска и Шведска не можат да се приклучат на НАТО – тие побараа НАТО да не прима нови членки“, вели тој.
За финскиот претседател, Велика Британија и Финска се „пријателски земји“ кои ќе си помагаат во тешките моменти кои се пред нив. Двете земји потпишаа декларација во случај на напад. Русија е против влез на Финска и Шведска во НАТО. Руските власти претходно кажаа дека ако овие две земји влезат во НАТО, тоа не значи дека ќе бидат побезбедни. 

foto Frank Augstein / PA Images / Profimedia

Слично

Поврзани вести